Тренерот на Вест хем, Дејвид Мојс направи огромен скандал на мечот против Ајнтрахт Франкфурт, кога во еден момент со волеј шутна кон дете што собира топки, по што доби директен црвен картон.

Мојс се извини поради неговиот потег во завршницата на мечот, па објасни зошто реагирал толку гневно.

„Момчето остави кратка топка и ми беше добра за волеј. Топката не го погоди, мислам дека помина покрај него“, кажа Мојс.