Тренерот на Леванте, Алесио Лиси, во пресрет на денешниоот дуел со реал Сосиедад изјави дека за неговите момци овој меч е едно од четирите финалиња кои треба да ги одиграат до крајот на сезоната. Леванте не смее да киксне и ќе се обиде до крајот на сезоната да извојува 4 победи за да опстане во Ла Лига.

Тимот на нашиот Енис Барди е последен на табелата, но не е се уште без шанси за опстанок. Токму нашиот репрезентативец, според тренерот на леванте, може да биде еден од клучните играчи во трката за опстанок во елитата.

„Проблемот што Енис го има е под влијание на начинот на кој игра и настапот на другите играчи. Ние правиме поагресивен пресинг, со поголема физичка подготвеност. Тој плаќа за таа ситуација. Имаше мал пад во перформансите по натпреварите за националниот тим, бидејќи емотивното трошење беше неверојатно. Два натпревари игра на многу високо ниво, па мислам дека веќе го гледаме Барди што го знаеме. На овие натпревари, се надеваме дека тој ќе биде делот кое ќе ни даде многу добри ситуации за да се доближиме до победите“, изјавил Лиси.