Шпанскиот шампион Реал Мадрид дојде до 20-та победа сезонава, па ја намали предноста на Барселона на едноцифрена разлика од осум бода со меч повеќе, откако вечерва „кралевите“ запишаа сигурна победа со 2-0 против Селта на „Сантјаго Бернабеу“.
Крајот на првиот и почетокот на вториот дел, во кои Марко Асенсио даде гол во 42-та минута ( ТУКА) и му асистираше на Едер Милитао (погодокот во 48-та минута ТУКА) за да ја дуплира предноста беа клуч за триумфот на мадриѓаните, победа која доаѓа после верификацијата на полуфиналето во ЛШ, а со неа на Барса сега и направија дополнителен притисок пред утрешното дерби со Атлетико Мадрид.
Барселона има серија од две ремија, па неуспех со евентуален пораз ќе ги врати надежите на Реал дека може да се случи пресврт во сезоната, иако и моменталниве осум бода предност делуваат скоро недостижни на осум кола до крајот на сезоната.
Селта со поразот остана на 36 бода на 12-то место, осум над зоната за испаѓање во која прв е Еспањол со 28 бода.