Реал Мадрид објави дека на американската турнеја во подготвителниот период кон крајот на јули, ќе одигра четири натпревари, од кои едниот ќе биде против Барселона.

Кралскиот клуб во рамките на „Сокер чемпионс тур“ ќе се сретне со Милан во Лос Анџелес, па со Манчестер јунајтед во Хјустон, а на 29-ти јули на „АТ&Т стадионот“ во Далас ќе игра пријателско Ел Класико против Барса. Турнејата во САД ја завршуваат на Илинден во Орландо против Јувентус.

Барселона освен против Реал, во САД ќе игра и со Јувентус, Арсенал и Милан.