Манчестер Јунајтед го победи Вулверхемптон со 2-0 и се зацврсти на четвртото место кое води во ЛШ. Антони Марсијал во 32.минутра го отвори резултатот, а младиот Гарначо го потврди триумфот во судиското продолжение.
Челси ремизираше дома против Нотингем Форест (2-2). Таиво Авонији беше двоен стрелец за „шумарите“, додека Рахим Стерлинг погоди двапати за составот на Франк Лампард.
Астон Вила го победи Тотенхем со 2-1 и се израмни бодовно со лондонскиот тим бодовно (57). Кристал Палас го совлада Борнмут со 2-0, а Фулам славеше на гости против Саутемптон со 0-2. По овој пораз Саутемптон испадна од Премиер – лигата.