Тотенхем продолжува со добрите и резултати во новата сезона на Премиер лигата и по три одиграни кола во англиската елита останува единствениот тим со максимален број на победи.
На денешниот дуел со градскиот ривал Вотфорд, „петлите“ по ист рецепт како во претходните две кола, со еден постигнат гол стигнаа до посакуваните три бода, а овој пат човек на одлука беше еден од најдобрите фудбалери на тимот Мин Сон кој го играше својот 200тоти натпревар во Премиер лигата.
Корејскиот репрезентативец се најде на вистинско место во вистинско време и во 42. минута ја смести топката во мрежата на повратникот во Премиер лигата и ги постави конечните 1-0.