Вo вечното шкотско дерби Глазгов слави – Глазгов Ренџерс извојува победа над големиот ривал Селтик, во рамки од четвртото коло на Премиершип.

Шампионот предводен од Стивен Џерард ја продолжи победничката серија на легендарното „Олд Фирм“ дерби и со 1-0 го совлада градскиот ривал.

Со оваа победа Ренџерс се искачи на третото место на табелата со девет бода, додека Селтик падна на шестата позиција со две победи и два порази.