Во групата Х, актуелниот победник во Лигата на шампионите, Челзи имаше тешко отворање на својот стадион Стемфорд Бриџ против најдобриот руски тим Зенит. Победи со 1:0, а единствениот гол го постигна Ромелу Лукаку во 69. минута.
Во истата група, стартните три бода ги освои и Јувентус, кој во Шведска го совлада Малме со 0:3. Натпреварот беше решен во првите 45 минути во кои Јувентус ги постигна сите три гола. Алекс Сандро, Дибала (пенал) и Мората погодија за “старата дама”.