Баерн Минхен ја победи Барселона со 3-0 на гости во 1.коло од групата Е од Лигата на шампионите со головите на Томас Милер во 34. минута и Левандовски во 56. и 85. минута.
Екипата на Јулијан Наглесман дојде до бодовите без никакви проблеми, а колку беше лоша Барселона покажува фактот дека тие изгледаа подобро во тој катастрофален пораз од 8: 2 од Баерн во 2020 година. Ако ништо друго, на тој натпревар барем постигнаа гол. A овој пат не само што не постигна гол, туку немаше ниту еден удар во рамките на голот на Нојер.
Иако со доминација во првото полувреме, првиот гол за Баерн падна со многу среќа. Томас Милер стрелаше од 20 метри и го погоди Ерик Гарсија во грбот од кој топката го смени правецот и го измами Тер Штеген.
Вториот гол беше дело на Роберт Левандовски, кој немаше потешкотии да ја турне топката во празната мрежа по одбиената топка од стативата. Ако дотогаш изгледаше како тим, Барса целосно се распадна по вториот гол на Баварците.
До крајот Левандовски постигна уште еден гол и ја запечати лесната победа на германскиот шампион.