Ливерпул се доближи на само бод од Манчестер јунајтед и го зголеми притисокот во борбата за место во ЛШ, иако „црвените“ имаат два натпревари повеќе од „ црвените ѓаволи“, откако вечерва Мохамед Салах со еден гол испиша неколку историски моменти, а ја обезбеди победата со 1-0 против Брентфорд.
Салах погоди по само 13 минути игра на асистенција на Вирџил Ван Дајк, и дојде до својот 186-ти гол во дресот на Ливерпул со што се израмни со легендарниот Стивен Џерард, а ова за него беше негов јубилеен 100-ти гол на „Енфилд роуд“, а стана бесмртен во Египет, како најдобар стрелец во историјата со 314-от погодок надминувајќи го Хосам Хасан.
Со голот за триумф, Ливерпул сега по 35 кола има 62 бода на петтото место, а Јунајтед е на 63 гола, но сега „црвените ѓаволи“ се под притисок да ја вратат комотната предност, за да не се доведат да се тресат за пласманот во Лигата на шампионите. За Салах ова беше 30-ти сезонски гол во дресот на Ливерпул во сите натпреварувања сезонава.