Матковиќ им донесе водство на гостите по само 19 минути игра, а потоа Трајковски беше стрелец во мрежата на гостите и израмни на 1-1.
Миерез во завршницата на првиот дел повторно му донесе предност на Осиек, по што двете екипи имаа шанси до крајот на мечот, но резултатот остана ист (1-2).
Хајдук остана на третата позиција со 55 бодови, додека Осиек е четврти со 10 бода помалку од ривалот, а исто така ова беше втор гол за Трајковски во првенството.