Екипата на Баер Леверкузен дојде до историска титула во Бундес-лигата, откако на пет кола пред крајот на шампионатот, без ниту еден пораз, успеа да изгради недостижна предност пред досегашниот доминантен клуб Баерн Минхен. „Фармацевтите“ имаат недостижни 16 бода предност на врвот откако го декласираа Вердер со 5-0 на домашен терен.
Виктор Бонифејс од пенал постигна гол за водство во 25.минута, а во второто полувреме блескаше Флоријан Вирц кој постигна хет-трик. Во листата на стрелците се запиша и Гранит Џака.
Фудбалерите на Чаби Алонсо во Бундес-лигата имаат ефект од 25 победи и четири ремија на одиграни 29 натпревари.