Астон вила триумфираше на „Емирати“, а Емери стана најголемиот кошмар за Арсенал! Лондонсли Арсенал денеска беше шокиран на од Астон вила со 0-2 во 33. коло од англиската Премиерлига, и со тоа му ја препушти пол-позицијата на Манчестер сити во трката за титулата.
Откако претходно киксираше и Ливерпул, сега истото му се случи и на Арсенал кој целосно се распадна во финишот од дуелот во Лондон, кога Бејли и Воткинс погодија за триумф од 2-0.
Поранешниот тренер на „топчиите“, Унај Емери по вторпат оваа сезона го пронајде лекот за неговиот бивш клуб, откако и во првиот меч славеше со 1-0 во Бирмингем.
Манчестер сити останува лидер со 73 бодови, додека Арсенал и Ливерпул имаат по 71, а Астон вила е на четвртата позиција со 63 бода.