На Пољуд беа присутни повеќе од 30 илјади гледачи од кои најголем дел очекуваа победа на домашниот тим и враќање во игра во борбата за титулата. Место тоа, славеше Динамо со 1-0 и го остави Хајдук надвор од таа битка, па по се изгледа и по 19 години сплитскиот тим ќе остане без шампионскиот трофеј.
Гостите од Загреб се изборија за голем триумф со кој го презедоа второто место на табелата, односно сега пред нив е само Ријека која им бега пет бодови со напомена дека Динамо има одиграно и еден меч помалку што значи дека разликата може да биде и само два поени.
Клучниот момент на „Пољуд“ се случи во 38 минута кога Петковиќ одлично се снајде, испрати прецизен удар и постигна гол за радост која на крајот се покажа и како доволна за три бода.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери кај „модрите“, првиот беше активен 90 минути, вториот беше заменет во 55 минута.
Кај домаќините пак на клупата остана Александар Трајковски.
https://twitter.com/i/status/1774153805627547901