Пјер-Емерик Обамејанг, капитенот на Арсенал и една од најголемите ѕвезди на клубот, е исфрлен од тимот поради кршење на правилата на однесување на клубот. Веста ја пренесоа медиумите на островот, а потврда за тоа е што тој не се појави на денешниот натпревар против Саутемптон.
Засега не е познато што направил габонскиот напаѓач, но набрзо се огласи тренерот на томџиите, Микел Артета. „За жал, тој не е во тимот поради недисциплина. Мислам дека треба да бидеме многу доследни во почитувањето на некои принципи за кои не може да се преговара во тимот. Затоа тој не е вклучен во екипата денес“, изјави Артета.
https://twitter.com/FootballlForAll/status/1469670469339164683?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469670469339164683%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Farsenal-iz-momcadi-izbacio-kapetana-koji-zaradjuje-300-tisuca-funti-tjedno%2F2325010.aspx
Обамејанг има договор кој заработува 300.000 фунти неделно, но неговото однесување и форма се далеку од очекувањата. Ова е трет пат во последните две сезони да се најде во конфликт со тренерот или раководството на клубот. Се погласни се шпекулациите дека Арсенал сака да се ослободи од него, но поради огромниот договор тешко се наоѓа купувач.