Лука Ромеро, големиот аргентински талент имаше извонредни настапи на неодамна завршеното Мундијалито е пред потпис со седумкратниот европски првак Милан.
Даниеле Лонго, италијанскиот новинар од „Калчомеркато“, ја објави веста дека Милан е многу близу да го ангажира офанзивниот фудбалер за врска, кој досега беше дел од Лацио, а веќе и има калчо-мечеви во дресот на римскиот клуб.
Според информациите во следните два-три дена треба да се официјализира трансферот на младата аргентинска ѕвезда, која веќе има повици и за А-селекцијата, а еден е од низата големи таленти на кои ќе се потпираат „гаучосите“ во иднина.
Милан откако го продаде Сандро Тонали за 70 милиони евра во Њукасл, сега бара засилувања за средниот ред и офанзивата, а покрај Ромеро на листата на желби се и Рубен Лофтус-Чек од Челси, како и Лукас Тореира од Галатасарај.