По освоената титула во германската Бундеслига, Баер Леверкузен го крена и пехарот во Купот откако славеше со 1-0 против второлигашот Кајзерслаутерн.
„Фармацевтите“ стигнаа во водство по само 17 минути игра, кога швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака постигна прекрасен гол во мрежата на ривалот.
Клучниот момент на средбата се случи кога Џака постигна страшен гол од голема далечина.
Леверкузен ја заокружи оваа историска сезона со два трофеи и само еден пораз (од Аталанта) што е неверојатен учинок на тимот од „Бај Арена“.
Во завршницата на првото полувреме беше исклучен Косуну поради два жолти картони, но второлигашот не ја искористи предноста на теренот и не постигна ниту еден гол до крајот на мечот.