Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Астон Вила, Мети Кеш (24) доби полско државјанство и би можел да игра за националниот тим на Полска во ноември.
Кеш, кој играше на сите десет официјални натпревари за Вила оваа сезона, доби полско државјанство преку неговата мајка и дедото по мајка.
„Ова е важен и горд ден за мене и моето семејство“, објави Кеш.
Кеш може да игра за Полска веќе во последните две кола од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар против Андора на 12 ноември или Унгарија три дена подоцна.
Секако, оваа негова одлука во Англија сите ја прифатија со неверување, бидејќи имаше индиции дека во блиска иднина ќе се појави на списокот на англискиот селектор Герет Саутгејт.
Откако добил полско државјанство, документите му ги врачил полскиот амбасадор во Лондон, а она што веднаш му паднало во очи е дека и Мети Кеш во официјалните документи добил ново име.
И Полјаците не се трудеа премногу, туку презимето Кеш го преведоа како Готовка, што на полски значи „пари“.
Не требаше многу време за оваа објава да стане хит.
Се разбира, ако сето ова е вистина, односно ако некој не решил само – да се пошегува со Кеш и да си ја ‘фалсификува’ личната карта.
ФОТО
https://twitter.com/visegrad24/status/1453284069949808649?s=20