Фудбалерите на Англија вечерва славеа со убедливи 3-0 против Сенегал и обезбедија место во четвртфинале, каде што ги очекува големо дерби против Франција.
Сенегал имаше свои шанси на натпреварот, но не ги искористи шансите, а првата казна пристигна во 38. минута кога Џордан Хендерсон без проблеми го матира Џордан Хендерсон.
Водството на „Гордиот Албион“ го зголеми Хари Кејн по одличен контра-напад, откако испрати силен удар и повторно го остави Менди без можност да реагира.
Селекторот на Сенегал направи три замени на почетокот на вториот дел со надеж дека може да се врати во игра, но нивната судбина ја запечати Букајо Сака кој искористи уште еден контра-напад за предност од 3-0.
Англија за полуфинале ќе се бори против Франција, која денеска беше подобра од Полска со 3-1.