Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг не настапи за неговата селекција во мечот против Сенегал (3-0), а англиските медиуми ја објавија причината за неговото отсуство.
Од репрезентацијата соопштија дека Стерлинг има семејни проблеми кои мора да ги реши, но медиумите откриваат дека крадци извршиле тешка кражба во неговиот дом.
„Од неговиот дом исчезна сè што е вредно, крадците земале сè што можеле“, открил извор запознаен со детали од истрагата.
Засега не е познато дали Стерлинг ќе се врати во Катар за да ѝ помогне на Англија во следните предизвици на Мундијалот.