Англискиот премиерлигаш Вест Хем со 3-0 ја победи ФЦСБ и со максимален ефект, шест победи, ја заврши групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Форналс беше двоен стрелец, а Дава си постигна и автогол.

Партизан ремизираше 1-1 против Словачко во Белград и како второпласиран тим оди во 1/16-финалето на ова натпреварување. Натхо од пенал донесе водство за Партизан во првиот дел, а израмни Михалик во 72. минута.

Ница го задржа првото место и покрај ремито (2-2) против Келн.

Во групата Ц, Лех Познањ со 3-0 го победи Вилјареал и го освои второто место во групата.

Во групата Б, Андерлехт го победи Силкеборг со 2-0 и го освои второто место во директната пресметка за нокаут фазата.