Мохамед Салах вчера стави крај на гласините за можно заминување од Ливерпул и потпиша нов договор со клубот од Енфилд. Египќанецот, кој наскоро ќе наполни 31 година, потпиша договор до 2025 година и зема двојно поголема плата.
Салах стана најплатениот играч не само во Ливерпул туку и во целата Премиер лига со неделна плата од 400.000 фунти т.е. Салах ќе заработува 24 милиони евра по сезона. Со ова тој за 800.000 евра го престигна Кристијано Роналдо кој досега ја носеше титулата најплатен играч во Премиер лигата.
Втор најплатен играч на Ливерпул е Вирџил ван Дијк, кој сега заработува речиси половина од Салах, а новиот напаѓач Дарвин Нуњез е многу блиску до Холанѓанецот. Но, иако ќе заработува многу со новиот договор, Египјанецот не е ни блиску до најплатените играчи во Европа.
Пред него се тројца и сите играат за ПСЖ. Нејмар, некогаш најплатениот играч во светот е само на третото место, втор е Лионел Меси, а целосно недопирлив Килијан Мбапе кој заработува нереални 50 милиони евра годишно.