Тимот на Милан вечерва немаше проблеми да дојде до нова победа во Серија А, и со тоа да го одржи бодовното растојание со лидерот Наполи анулирано барем до утре. Милан обезбеди победа против тимот на Монца со 4:1 во меч во кој Брахим Диаз погоди на два пати до полувреме.
Ориги зголеми на 3:0 во 65. минута, а гостите преку Ранoкиа намалија на 3:1. Сепак, Рафаел Леао успеа во финишот да постигне погодок и да ги постави конечните 4:1.
Милан сега има 26 бода исто колку и Наполи, а секако и меч повеќе додека пак Монца е на 14 место со десет бода.