Лион славеше со 2-1 на гостувањето кај Монпелје во рамки на 12.коло во Лига 1. 

Хусем Оар погоди во 33.минута за водство од 0-1 на Лион. Еје Сепе Ваи израмни за Монпелје во 70.минута. Потоа имаше по еден црвен картон на двете страни. Прво Диоманде беше исклучен во 74.минута, а кратко потоа и Мавидиди кај домаќините.

Победничкиот гол за Лион го постигна Александер Лаказет во 90.минута.

Ова беше прва победа на Лион по цели шест натпревари на кои имаше пет порази и само едно реми. Воедно ова беше и прва победа за новиот тренер Лоран Блан на својот втор натпревар на клупата.