Во натпревар од 26. коло на полското првенство, екипата на Пушча на домашен терен одигра реми со Радом, а натпреварот го одбележа голот на голманот на гостинскиот тим.
Пушча поведе во четвртата минута и имаше водство се до средината на второто полувреме кога се случи еден од најинтересните моменти оваа сезона во европскиот фудбал. Голманот на Радом, Габриел Кобиљак ја доби топката нешто понапред од својот шеснаесетник и се обиде со долга топка да проигра свој соиграч во нападот. Место тоа, успеа да го лобува својот колега од спротивната страна и да го совлада од околу 80 метри.