Големиот фудбалски талент Арда Ѓулер во текот на летниот преоден рок би можел да си замине од Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се споменува германскиот гигант Баерн Минхен.
„Кралевите“ во изминатите години се засилија со Тони Крос и Давид Алаба од Баерн, а наскоро треба да потпишат и со Алфонсо Дејвис, па затоа баварскиот тим реши да го возврати ударот.
Баерн сака да го купи Ѓулер затоа што Турчинот не е во плановите на Карло Анчелоти и добива мала минутажа во шпанскиот гигант.
Реал Мадрид наводно е подготвен да го продаде Ѓулер, но за неговиот трансфер ќе бара 40 милиони евра.