Унион Берлин го победи Мајнц со 2-1 и се искачи на врвот на табелата во Бундес-лигата со 39 бода, два повеќе од Баерн Минхен кој утре му гостува на Волфсбург. Беренс во 32.минута донесе предност за Унион, но израмни Ингвартсен. Сепак, Сибачу во 84.минута постигна победнички погодок за Унион Берлин.
Борусија Дортмунд го совлада Фрајбург со 5-1. Себастијан Але го постигна првиот гол откако се врати на фудбалските терени по борбата со канцерот, а стрелаа и Шлотербек, Адејеми, Брант и Реина.
Ајнтрахт Франкфурт ја совлада Херта со 3-0, а Бохум беше убедлив против Хофенхајм во победата со 5-2. Келн и Лајпциг одиграа без голови.