Фудбалерите на Аргентина продолжуваат со добри игри и резултати и во најдобро можно светло ќе ја пречека Копа Америка каде, ќе ја брани титулата во јуни и јули.

Актуелниот светски шампион и првак на Јужна Америка го совлада Ел Салвадор во пријателски натпревар со 3-0. Дуелот се одигра на неутрален терен во Филаделфија, а Лионел Меси не настапи заради повреда. Сепак, тоа не ги спречи „гаучосите“ да забележат сигурен триумф со два гола во првиот и еден во вториот дел.

Во 16. минута Ди Марија нафрли од корнер, а Кристијан Ромеро постигна гол со глава. Енцо Фернандез со гол во 42. минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Џовани Ло Селсо во 52. минута, по одличната тимска акција и асистенција на Лаутаро Мартинез.

 

Аргентина ќе се соочи со Костарика во пријателски натпревар на 27 март во Лос Анџелес.