Аргентина има големи амбиции на претстојните Олимписки игри во Париз, па фудбалската репрезентација до 23 години игра пријателски натпревари паралелно со сениорите.
Утринава, Аргентина У-23 одигра натпревар против Мексико и го доби овој натпревар со 4:2, а на социјалните мрежи вирален стана еден од шесте голови на оваа средба.
Во главната улога е Матијас Суле, фудбалер на торински Јувентус кој сезонава блеска во дресот на Фрозиноне како позајмен играч, а кој на маестрален начин реши една навидум многу тешка ситуација во која се најде.
Суле реши да ја користи посилната лева нога и во ситуација каде тоа беше потешко да се направи, но на крајот постигна атрактивен погодок за уживање.
https://twitter.com/i/status/1771458257296470459
https://twitter.com/i/status/1771388049638973588