Лајпциг одигра само 1-1 на домашен терен против тимот на Вердер, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби половина час од тренерот Марко Росе. Тој влезе во игра во 64.минута на местото на Кристоф Баумгартнер.
Гостите поведоа со автоголот на Сеивалд во 36.минута, а израмни Бењамин Шешко во 61.минута од дуелот.
Келн со голем пресврт го совлада Унион Берлин со 3-2. Гостите водеа со 0-2, со головите на Ноче и на Фоланд, но намали Кајнц од пенал во 45.минута. Во финишот, Келн постигна два гола за триумф, преку Тигс во 87.минута и Даунс во 93.минута.
Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа 1-1, а со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Фрајбург и Хајденхајм.