Мајнц убедливо со 3-0 ја совлада Борусија Дортмунд финалистот во ЛШ и освои исклучително значајни три бода со кои дојде на чекор до опстанок во Бундеслигата.
Един Терзиќ ги одмори најважните играчи на Борусија Дортмунд, со втор тим го играше денешниот дуел, а тоа многу му ја олесни работата на Мајнц.
Домаќините имаа фуриозни 11 минути во првото полувреме во кои ги постигнаа сите три гола, од 12. до 23. минута.
Најпрво погоди Бариеро, а потоа двапати беше прецизен Ли Јае Сунг за триумф од 3-0.