Динамо Загреб на македонските репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми го направи првото големо изненадување во новата сезона во Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион го „нокаутираше“ премиерлигашот Челси во својот дом или поточно дојде до триумф на „Максимир“ од 1-0. Избраниците на Чачиќ одиграа дисциплинирано, борбено, го оставија срцето на терен и тоа им донесе три бода на отварањето на кампањата во елитното натпреварување.
Најзначајниот момент се случи во 13 минута кога Оршиќ одлично се снајде и по еден контранапад го матираше Аризабалага. „Сините“ потоа се обидуваа да се вратат во игра, ама нивниве напади не беа на посакуваното ниво, немаа доволно идеја во завршницата на акциите и останаа со празни раце во Загреб.
На втората средба, Борусија Дортмунд го преслуша ФК Копенхаген со 3-о со головите на Ројс, Гереро и Белингем кој стави точка во 83 минута.