Реал Мадрид губеше со 0-4 во завчерашното Ел Класико, а Винисиус Жуниор го стави клубот во втор план и одлучи во еден конфликт со Гави да го потенцира наводниот индивидуален успех.

Гави влезе во игра во 87. минута, но двајцата успеаја да влезат во клинч при една борба за топка. Гави тогаш му покажуваше четири прсти на Винисиус, алудирајќи на резултатот во тој момент, а Бразилецот не остана должен.

„Супер, но в понеделник јас ја освојувам Златната топка“, му рекол Винисиус на младиот фудбалер на Барселона.

На крајот излегува дека тоа не е точно, па освен горчливата пилула од дебаклот против Барселона, Винисиус ќе мора да голтне уште една, од Париз.