Англискиот фудбалер Џуд Белингам, големиот талент на Борусија Дортмунд, на лето треба да се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид, а притоа ќе заработи голема сума на пари од „кралевите“.
Првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез наводно ги договорил сите детали, а се очекува трансферот да биде потврден на 30 јуни.
Белингам ќе потпише шестгодишен договор со „кралевите“, а во истиот ќе има откупна клаузула од милијарда евра.
Платата на Белингам се очекува да биде околу 27 милиони евра, но за тоа се чека дополнителна потврда.