Атлетико Мадрид и Порто одиграа доста скромни 90 минути на „Метрополитано“ стадионот во Мадрид, но кога се чинеше дека е блиску крајот и дојде до затишје, следеш бура во шпанската престолнина.
Судијата го продолжи мечот девет минути и Порто доби шанса да се врати, а веќе во првата посериозна акција се избори за пенал, а трагичар беше токму стрелецот на првиот гол. Ермосо со несфатлив потег со рака му подари пенал на Порто, а стрелец на израмнувачкиот гол беше Урибе.
Тогаш, се чинеше дека правдата е задоволена и дека двата тима ќе поделат по еден бод, но така не мислеа и домашните фудбалери кои се изборија за завршен корнер.
Во 101-та минута, херој за Атлетико беше резервистот Антоан Гризман, кој успеа да постигне гол со глава.