Екипата на Наполи издвојува голем триумф над Ливерпул (4-1) во вечерашниот меч во Лигата на шампионите, триумф кој никој не го очекуваше и покрај очигледните проблеми на „црвените“ во актуелнава кампања.

Еден од головите за наполитанците беше дело на Џовани Сименоне, гол по кој не можеше да ги скрие емоциите затоа што ова за него беше остварување на сонот. Чолито уште како мал имал желба да заигра во елитното натпреварување и притоа дал ветување кое вечерва го исполни.

-Денот кога ќе играм и ќе го дадам првиот гол во ЛШ, тогаш ќе ја бакнам тетоважата (со знакот на ЛШ), -порачал своевремено напаѓачот.