Центарфорот на Спортинг Лисабон, шведскиот интернационалец Виктор Ѓокереш, во 2024 година има најмногу постигнати голови од сите фудбалери во светот. Швеѓанецот има реализирано 62 гола во дресот на Спортинг и шведската репрезентација.

Ѓокереш е пред големи светски имиња како Ерлинг Халанд (Манчестер Сити/Норвешка) со 49 голови, Хари Кејн (Баерн Минхен/Англија) со 46 и Кристијано Роналдо (Ал Наср/Португалија) со 43.

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш со овој подвиг им се придружи на аргентинецот Лионел Меси и на португалецот Кристијано Роналдо, кои во последната деценија редовно беа меѓу најдобрите на оваа листа.

Апсолутниот рекорд го држи Лео Меси со 91 постигнат гол во сезоната 2021 година.

Најблиску до Аргентинецот се приближија Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски, кои по еднаш постигнаа по 69 гола. Во изминатата 2023 година, Кристијано беше на врвот со 54 голови.

Виктор Ѓокереш ги постигна овие 62 гола во само 63 натпревари. Од нив, 52 се во дресот на лисабонски Спортинг, додека останатите 10 во дресот на шведската репрезентација.