Англискиот премиерлигаш Арсенал долги години се обидува да го освои пехарот во Премиер лигата но тоа тешко оди, па планира да направи уште еден голем трансфер во зимскиот преоден рок. Целта му е да го засили својот тим, доведувајќи го францускиот дефанзивец Жул Кунде од редовите на Барселона. Лондонскиот клуб е спремен да понуди 75 милиони евра за Кунде, па сега Барселона е на потег, што би можела да го прифати.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека трансферот на Кунде во тимот, ќе биде голем потег за тимот со што ќе се зголеми нивната конкурентност во Премиер – лигата и во Европската елита. За каталонците пак, продажбата на Кунде би донела значителни финансиски приходи кои ќе ѝ помогнат да ја подобри сегашната лоша финансиска ситуација.
Првиот човек, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изгледа дека е подготвен да го продаде Кунде по оваа цена, бидејќи клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми и продажбата на Кунде би му помогнала да ги реши. Иако Кунде не игра во својата најдобра форма оваа сезона сепак е важна карика во составот на Ханси Флик, вотимот на Арсенал се убедени дека ќе успеат да го вратат на високо ниво и дека тој ќе стане големо засилување за одбраната и еден од столбовите на тимот.