Лондонски Тотенхем цврсто ја чува третата позиција на табелата и држи чекор со лидерот Манчестер Сити откако славеше со минимален триумф (0-1) на гостувањето против Брајтон. Тимот на Антонио Конте има 20 бода, три помалку од „граѓаните“.
Хари Кејн и овој пат беше човекот на одлука на натпреварот. Тој ја погоди мрежата на Брајтон во 22.минута, асистираше Сон.
Брајтон по овој пораз се наоѓа на шестата позиција со 14 бода.