Фудбалерите на англискиот гигант Ливерпул може дури и да се среќни што по првото полувреме на вечерашното гостување кај Брентфорд имаат само два гола негатива, откако расположениот домаќин дури четири пати им ја затресе мрежата во првите 45 минути.
За среќа на навивачите на црвените, два од погодоците беа поништени и тоа на Висе во 27. минута и на Бен Ми во 40. минута, обата поради офсајд.
Лошата вечер на Ливерпул ја најави дефанзивецот на овој тим, Ибрахим Конате, кој во 19. минута си постигна автогол (види ТУКА), додека Виса во 42. минута вторпат ја затресе мрежата на гостите, овој пат од регуларна позиција.