Фудбалската година во Шкотска започна со култното глазговско дерби „Олд Фирм“ кое заврши без победник меѓу Ренџерс и Селтик (2-2).
Маеда го израдува Селтик во Глазгов со гол за 1-0 по само пет минути игра, додека Ренџерс направи пресврт на стартот на вториот дел.
По неколку неискористени шанси во првото полувреме, Ренџерс преку Кент во 47. минута израмни на 1-1, а шест минути подоцна стрелаше за 2-1 преку Таверние.
Селтик се обидуваше да стигне до израмнување и тоа му успеа дури во завршницата од дуелот, односно 88. минута кога Јапонецот Фурухаши погоди за 2-2.
https://twitter.com/balondejapon/status/1609917922486501377?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1609917922486501377%7Ctwgr%5E31250851d3ab8c2a98ad157a1ec4f20eb1ad6d14%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fjaponec-go-spasi-seltik-od-poraz-vo-old-firm-vo-glazgov-video
Селтик останува лидер со 55 бодови, додека Ренџерс е втор со девет бода помалку.