Унион Берлин си ги намали изгледите за сензационален пласман во Лигата на шампионите оваа сезона откако одигра нерешено 1-1 на домашен терен против последнопласираниот Гројтер Фурт. По четири победи во низа, домаќинот се сопна на релативно најлесниот противник.
Бранимир Хргота во 33.минута донесе изненадувачко водство за Гројтер Фурт, а израмни Свен Мичел во 72.минута.