Баварците ја контролираа играта во текот на целиот натпревар, а единствениот гол на дуелот го постигна Матијас де Лихт во 52. минута, кога испрати вистински проектил.
| 0-1 ( ) pic.twitter.com/U59EQLjMpq
— EuroFoot (@eurofootcom) April 8, 2023
Борусија Дортмунд во 28. минута погоди за водство од 1-0 преку Мален, додека гостите се вратија во игра со голот на Беренс во 61. минута. Во продолжение од средбата „милионерите“ постигнаа и втор гол, а овој пат стрелец беше Мукоко.
Баерн со оваа победа стигна до 58 бодови и има два бода повеќе од Дортмунд, додека трет останува Унион Берлин со 51 бод.
Останати резултати:
Аугсбург – Келн 1-3
Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт 3-1
Мајнц – Вердер Бремен 2-2