Брајан Сарагоса беше продаден во Баерн Минхен благодарение на блескавото издание кое го имаше против Барселона како член на Гранада, а очигледно дека брзоногото шпанско крило е посебно мотивирано кога игра против каталонскиот гигант.
Доказ за тоа добивме и изминатава вечер, во која Брајан како член на Осасуна режира вистинска дриблинг бравура пред голот на Ињаки Пења.
Сарагоса беше убедливо најопасен играч од Осасуна во победата која ја оствари тимот од Памплона со резултат 4:2, а голот кој го постигна беше вистинско мало ремек-дело.
Брајан доби топка во празно и ја искористи брзината за да стигне прв до топката, за потоа со генијален ролинг да го издрибла голманот на Барселона.
Пења беше измесетен во дадената ситуација од лажното движење на Брајан, а техниката која ја презентираше фудбалерот кој е во сопственост на Баерн стана на големо споделувана во Шпанија.