Станува збор за Мамаду Данфа (20 години), кој има одиграно еден меч за сениорската и три за младинската селекција на актуелниот првак на Африка, а кој доаѓа од украинскиот прволигаш Колос. Тој во Скопје ќе допатува за неколку дена, по што ќе следува неговата официјална промоција.
Со ангажманот на Сенегалецот, кој потпиша двегодишен договор, јануарскиот преоден рок за Шкупи и официјално заврши. Чаирчани по првите 18 кола се убедливо прво на табелата со 42 бода, седум повеќе во однос на Академија Пандев, а осум пред Шкендија.