На 52-годишна возраст, по тешко боледување, почина поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ.

На Радаковиќ пред две години му беше дијагностициран рак на желудникот. Операција во Турција му го продолжи животот, но проблемите се вратија.

Ослабе 50 килограми, преживеа сепса, а трошоците за лекување го ставија во тешка финансиска ситуација.

Неговите поранешни соиграчи и ривали (Данко Лазовиќ, Зоран Мирковиќ, Љубинко Друловиќ, Немања Видиќ) собирале пари во хуманитарни акции за да му помогнат во борбата, но за жал болеста победила.

„Остануваме без уште еден играч на Партизан, без пријател и човек. Синоќа не напушти и големиот Радован Радаковиќ. Почивај во мир Радаче наш“, соопштија од ФК Партизан.

https://twitter.com/FKPartizanBG/status/1574302749134622720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1574302749134622720%7Ctwgr%5Eaf7edcce77bd6e6423392a25ed96df8174c0b059%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D26nav_id%3D2218826

Радаковиќ кариерата ја започна во 1991 година во Обилиќ, а потоа играше за БСК, Борац, Раднички Крагуевац, пред да дојде во Партизан во 2000 година.

По четири години ја напушти Хумска, а до крајот на кариерата во 2008 година настапуваше за Штурм Грац, Земун, Вождовац и Колубара.

За репрезентацијата на Југославија имаше два настапи во квалификациите за СП 2002 против Русија во Москва (1:1) и Фарски Острови во Белград (6:0).

По играњето имаше тренерска кариера и работеше во Младеновац, Колубара, Смедерево, Радничко 1923 година, Шумадија и Вршац.

Со Партизан освои две титули и еден Куп на Југославија.