Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Лил со 2:1 на отворањето на 12. коло од француската Лига 1.
Домаќинот дојде до победата на Паркот на принцовите со пресврт во последните 16 минути игра.
Џонатан Дејвид ги доведе гостите во водство во првото полувреме по одличната асистенција на Бурак Јилмаз .
Контроверзно беше во 74. минута кога израмни капитенот Маркињос после центаршутот на Анхел Ди Марија .
Мауро Икарди, кој на полувремето го замени индиспонираниот Лионел Меси, кој се пожали на повреда по неколку удари, му пречеше на голманот Иво Грбиќ, но ВАР не сакаше да го поништи контроверзниот гол.
Ваквиот епилог го скрши актуелниот шампион, па конечниот удар го зададе моќниот ПСЖ на две минути пред крајот.
Анхел Ди Марија ја започна акцијата, одигра двојно додавање со Нејмар, а Аргентинецот мајсторски го погоди спротивниот агол ,за големо славје на „светците“ и 10 поени повеќе од првиот придружник Ленс, со меч повеќе.
ВИДЕО