Мексиканскиот Монтереј е победник на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ (Северна Америка, Централна Америка и Карибите), откако синоќа во финалето го совлада тимот на Клуб Америка со 1-0.

Раниот гол постигнат во деветтата минута од Рохелио Фунес Мори по грешката на одбраната на Клуб Америка беше доволен за победа на Монтереј.

Ова е петти пат како Монтереј ја освојува Лигата на шампионите во КОНКАКАФ после 2011, 2012, 2013 и 2019 година. Мексиканскиот клуб на почетокот на следната година ќе учествува на Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати.

За Клуб Америка, кој исто така е од Мексико, ова е прв пораз во осум финалиња во Лигата на шампионите.

ВИДЕО