Манчестер Јунајтед под водство на Ралф Рангник на домашен терен го победи Кристал Палас со 1-0 во Премиер лигата, а голот го постигна Фред. Покрај освоените три бода, тимот успеа за првпат да ја сочува мрежата на култниот Олд Трафорд по дури 15 натпревари во сите натпреварувања.
Рангник го насочи својот фокус на рамнотежа во тимот и почна да се занимава со детали кои не функционираа под водство на поранешниот тренер Оле Гунар Солскјаер. Германецот наскоро во Јунајтед ќе го донесе првиот спортски психолог по 22 години. Тоа е Саша Ленс, кој работеше со Рангник во РБ Лајпциг од 2015 до 2018 година.
Рангник го објасни потегот.
„Не знам каква е ситуацијата овде и во другите клубови. Во Германија повеќето клубови имаат спортски психолози или ментални тренери, како сакате да ги наречете. Тоа е апсолутно логично. Дури имав таков во 1998 година. Имајте специјални тренери за голмани, за кондиција, па дури и за напаѓачи, треба да имате експерт за мозок. и секој во нашиот клуб треба да размислува на вистинскиот начин“.
Последниот спортски прихолог на Јунајтед беше Бил Бесвик, кој му се приклучи на клубот во 1999 година, кога Сер Алекс Фергусон беше менаџер. Тој го напушти Јунајтед по две години. Ленс е негов наследник во 2021 година.
“Среќен сум што доаѓа Саша. Тој е практичен и не работи премногу на теоријата. Можам да им кажам на играчите што сакам, но морам да ги убедам во тоа. Морам да влезам во нивните срца, мозоци и крв. Знам дека ќе имаме многу корист од Ленс. Важно ми е да ја имаме најдобрата можна личност за таа работа“, заклучи Рангник.