Се е подготвено за промоција на Антонио Конте. Италијанскиот стручњак пристигна во Лондон за да потпише договор со челниците на Тотенхем до 2023 година.
Според италијанскиот весник Република, постојат две причини поради кои Конте прифатил да седне на клупата на Тотенхем. Првата е дека соработуваше со актуелниот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи во Јувентус, а втората е ветувањето на претседателот Даниел Леви во однос на следните два преодни рока.
Веќе во јануари Тотенхем ќе почне да реализира три трансфери. Конте ги означи тројцата како клучни за неговиот проект. Станува збор за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина и двајца стопери на Интер, Стефан Де Вриј и Алесандро Бастони.
– Конте на списокот со желби стави два столбови од одбраната на Интер и Србинот на Јиорентина кој го уништува Батистута – пишува Ла Република.